петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала миризливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици

Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала миризливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици

Цигари, влажни марамици, миризливи свеќи, корпа за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите кои општината Арачиново ги купувала со буџетот за репрезентација, кој најчесто е предвиден за службени ручеци, посети на странски делегации и работни состаноци, пишува Макфакс.

До ноември минатата година, општината Арачиново потрошила околу 7 илјади евра по ресторани и кафеани, но голем дел од трошоците немаат допирна точка со репрезентација.

Па така, редовно во општината се купувале кроасани „севн дејс“, влажни марамчиња, миризливи свеќи од лаванда,ванила, портокал, релаксирачки освежувачи за простор, кремови за раце… Општината трошела и за овошје, се купувале банани, ананас, киви. Од парите за репрезентација се издвојувало и за средства за чистење стакло, ламинат, доместос, влажни марамчиња, солна киселина, брисачи за стакло.

Но, не се застанало тука, па општината решила да се поднови и во делот на домаќинството – минатата година во јануари Арачиново се подновило со решо, дрвена лажица, чајник, тацни и лажици за чај, корпа за печење мафини и 5 алуминиумски овали.

Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими не дала образложение зошто на тој начин се трошеле парите од буџетот на општината.

Најнови вести