сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалник пријавен во полиција дека се заканувал

Градоначалник пријавен во полиција дека се заканувал

Градоначалникот на Општина Боговиње Албион Џемаили е пријавен во полиција за заканување.

Во Полициското одделение Камењане, вчера во 11 часот, Ј.И.(39) од с.Мала Речица-тетовско пријавил дека неговиот брат И.И. е повикан во објектот на општината Боговиње каде градоначалникот му се заканувал.

Според пријавата, во врска со истиот случај по телефон на И.И. му се јавил и полицискиот службеник К.А. и му упатил закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести