недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот на СДСМ Коцевски со навреди кон Србите: Србија ќе стане белградски пашалак

Градоначалникот на СДСМ Коцевски со навреди кон Србите: Србија ќе стане белградски пашалак

Градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски, кој доаѓа од редовите  на СДСМ во вчерашното гостување во емисијата 24 Отворено јавно ги навреди Србите и Република Србија кога отворено кажа дека ако биле доволно паметни и мудри немало да го изгубат Косово, а ако вака продолжат можно е еден ден да ја изгубат и Војводина  со што Србија ќе стане белградски пашалак.

– Како што има во Македонија, така и во Србија има многу радикални кругови тоа не треба воопшто да не загрижува, доколку тие беа мудри и паметни немаше да го изгубат Косово. Ако продолжат со погрешната политика можеби ќе ја изгубат еден ден и Војводина и ќе станат белградски пашалак, рече Коцевски.

Додека Заев декларативно на големо гради добрососедски односи со соседите, потпишувајќи договор и распродавајќи ги националните и државните интереси, градоначалникот Коцевски не ги бира зборовите и јавно упатува навредливи зборови кон српскиот народ и Република Србија.

Најнови вести