Бојан Христовски преку статус на Фејсбук пишува дека Градскиот комитет организирал настан под мотото #диши по повод Меѓународниот ден на шумата.
„Прекрасни временски услови, весели луѓе и позитивна енергија.
Овие зборови би биле најсоодветни за опис на првиот настан на Градскиот комитет, кој се одржа под мотото #диши, а по повод Меѓународниот ден на шумата.
Настанот со свое присуство го поддржаа членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, но и граѓани, активисти и здруженија до кои допре јавниот повик со искрени намери за заштита на животната средина, како и афирмација на убавините на Скопска Црна Гора и заложбите и проектите на Општината и градоначалникот Бобан Стефковски.
Голема благодарност до сите учесници и поддржувачи“, стои во неговиот пост на Фејсбук.