петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните не мора да одат да потпишуваат договори за парно, ЕСМ ќе им ги прати по пошта

Граѓаните не мора да одат да потпишуваат договори за парно, ЕСМ ќе им ги прати по пошта

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски кажа декиа нема потреба граѓаните да одат на пунктовите да потпишуваат договори за парно.

Бислимовски кажа дека нем потреба да се создаваат гужви на пунктовите, а оваа реакција следи откако граѓаните денеска во редици чекаа за да потпишат нов договор со новиот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Снабдување со топлина.

„Нема опасност некој да биде исклучен. Тие што немаат потпишано договори, ќе им пристигнат во поштенски сандачиња заедно со сметките за парно. Тоа е вообичаена работа да се потпишат нови договори. ЕСМ има таква обврска, сепак граѓаните треба да знаат дека нема да бидат исклучени“, кажа Бислимовски на гостувањето во „Сител“.

Најнови вести