вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните осиромашуваат, СДСМ се расфрла со буџетските пари

Граѓаните осиромашуваат, СДСМ се расфрла со буџетските пари

Владеачката партија продолжува со несовесното трошење на парите на граѓаните. Се користи секоја прилика да се исцеди буџетот. Таков пример е последната одлука Собранието наместо досегашните три да добие пет потпретседатели, двајца плус. Тоа се двајца функционери кои од државата ќе земаат над 1300 евра плата и ќе ги уживаат привилегиите за наплаќање на патни трошоци по нереални суми, книжејќи илјадници евра на своите приватни сметки.

Оттука е сосема јасно дека власта ги отвора овие две нови функции да задоволи нечии апетити за функција, моќ и пари и сето тоа на грбот на граѓаните. Вкупниот месечен трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува околу 225.000 денари или приближно 4000 евра. За двајцата нови потпретседатели кои власта има намера да ги воведе, тоа се дополнителни скоро 8000 евра месечно пари на граѓаните кои наместо како инвестиција во болници, училишта и инфраструктура секој месец ќе завршуваат за намирување на потребите на новите потпретседатели.

Наместо кратење и штедење, и понатаму со трошење и тоа забрзано и надградено.

Се троши на големо, а граѓаните се замајуваат со маалски фори, како што е предлогот на пратениците на СДСМ надоместот од 30% на потрошеното гориво ќе биде 20 %, односно ако пратеникот земал 3000 евра месечно, сега ќе зема 2000 евра и тоа само од патни трошоци. Односно на годишно ниво наместо 30.000 евра ќе зема 20.000 евра.

Ова не е нешто ново. Неодговорното трошење на парите на граѓаните и луксузирањето на сметката на народот од секогаш било одлика на СДСМ.

Колку државни пари на име на патни трошоци зедоа функционерите на СДСМ?

Од дебело платените патни трошоци своевремено земаше и Зоран Заев, кој во период од 2002 до 2005 година кога беше пратеник книжеше илјадници евра на име патни трошоци. Исто како и сегашниот министер во МВР, Оливер Спасовски, кој во неколку мандати зема 23.000 денари, додека само во 2012 години Спасовски има земено 7000 евра до Куманово.

Енормни суми на пари своевремено земаа и Цветанка Иванова, сегашен генерален секретар на Собранието, имено Иванова во период од 2006 до 2014 година зела над 160.000 евра, додека нејзината колешка битолчанката, Весна Бендевска во истиот период земала 175.000 евра.

Ништо подолу од своите колешки не е ни сегашниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој во период од 2008 до 2016 година земал над 160.000 евра.

Љубител на патните трошоци е и координаторот на пратеничката група на СДСМ во Томислав Тунтев, имено тој заедно со својата колешка Шахпаска само за три години од 2014 до 2017 година земале 60.000 евра, слична сума за истиот период земал Хари Локвенец, кој земал 55.000 евра.

Високите и несразмерни патни трошоци никогаш не беа тема на СДСМ. Ниту еден од овие видни функционери на СДСМ во текот на својот мандат не се откажал од патните трошоци. Оттука се гледа целото лицемерие на власта кога зборува за сиромаштија и другите социоекономски проблеми кои го тангираат обичниот граѓанин. Па така додека граѓаните од ден во ден се се по сиромашни власта се расфрла со нивните пари.

Според анализата на Сител телевизија 7 отсто од населението сеуште има полски ве-це, 5,5 проценти немаат када и туш, 0,5 отсто се без телевизор, 30 проценти немаат компјутер, а близу 40 отсто не поседуваат автомобил. 57 проценти од населението не отишле на заболекар затоа што не можеле да си го дозволат тоа. Но пратениците кои се избрани токму од овие граѓани и се финансираат од нивните макотрпно одвоени пари за буџетот се расфрлаат без да помислат на обичниот граѓанин. Притоа не мислејќи се ни момент кога треба да се отвори нова функција, како во случајот со новите два потпретседатели на Собранието, пари со кое може да се отворат нови работни места или да се подобри животот на овие наши сограѓани кои живеат на работ.

Најнови вести