понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните револтирани, системот на Управата за матични книги не работи секој втор ден

Граѓаните револтирани, системот на Управата за матични книги не работи секој втор ден

Се уште не е решен проблемот со издавање на изводите од матичните книги. Овој проблем трае веќе неколку месеци. Електронскиот систем на службите e целосно крахиран. За извод од матично се чека и по неколку недели.

Револтирани од неажурноста на Управата за водење матични книги се и граѓаните кои доаѓаат од други градови, бидејќи ги враќаат назад дома со објаснување дека системот паднал. Граѓаните се жалат и на односот на вработените.

Граѓаните кои доаѓаат во скопската подрачна канцеларија на матичното револтирано си заминуваат оти работа не завршиле. Но, се жалат и на односот на шалтерските службеници. Револтирани од неажурноста на Управата за водење на матични книги се и граѓани кои во Скопје доаѓаат од други градови во земјава. Наместо како порано кога работа завршувале како што велат за 5 минути, сега со часови чекаат пред матично а одговорот од службениците што го добиваат е “системот е паднат”.

„Како мислите дека ова е во ред, министерот треба да дојде и ова да го види, доаѓам вчера нема никој овде, тој портирот кажува само одете си дома. Влеговме внатре ни кажаа немало систем чекајте малку, еве чекаме од утрово нема ништо. Ние од Куманово доаѓаме се малтертираме, вчера бевме исто, денеска пак исто‘‘, сведочи граѓанин за телевизија Канал 5.

Од институцијата проблемот го објаснуваат со малиот број на вработени кои се на шалтерите поради се поголемиот број на заразени со коронавирусот помеѓу нив. За падот на електронскиот систем посочуваат на техничките капацитети. За поплаките на односот на вработените од Управата ги поттикнуваат граѓаните да испратат претставка. Упатени се и за честите проблеми со електронскиот систем, велат веднаш се интервенира кај службите за одржување и проблемот во најскоро време се решава.

Најнови вести