петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните смрзнаа, чекаат претседателот на Регулаторна да се смилува и да го вклучи градското парно греење

Граѓаните смрзнаа, чекаат претседателот на Регулаторна да се смилува и да го вклучи градското парно греење

Радијаторите во домовите и понатаму ладни, иако вечерните температури се движат некаде од 7 до 5 Целзиусови степени, а за неделава се најавуваат и пониски температури.

Граѓаните се жалат, особено оние чии станови се на северната страна, дека во вечерните и утринските часови е неподносливо ладно. Па многумина, иако редовно ги плаќаат сметките за парно греење, се принудени во овој период да се стоплуваат со вклучување на клими уреди или греалки, што е дополнителен трошок за нивниот семеен буџет.

Од Регулаторна комисија за енергетика пак, велат дека се раководат според температурите кои ги најавува УХМР и дека се додека тие не им јават дека температурата ќе биде 12 или под 12 Целзиусови степени парното нема да биде пуштено.

-Еве на пример, ние денеска добивме известување од УХМР дека утре надворешната дневна температура ќе биде 14 степени Целзиусови, што значи дека нема да биде пуштена топлинска енергија кај потрошувачите, изјави за медиумите првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимоски.

Но, граѓаните прашуваат што е со средната температура. Што ако дневната е 15 степени Целзиусови, кога вечерните и утринските се спушаат за двојно повеќе?

Бидејќи Регулаторната комисија тоа не ја интересира, граѓаните ќе мора да се затоплуваат со дополнителни грејни тела, доколку ги имаат и да трошат дополнително електрична енергија за да го премостат тој период од 1-ви до 15-ти октомври.

Најнови вести