сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните во борба за егзистенција, вицепремиерите со покачени плати: Народот гневен, Владата се правда

Граѓаните во борба за егзистенција, вицепремиерите со покачени плати: Народот гневен, Владата се правда

Замениците на Зоран Заев, односно вицепремиерите во македонската Влада, за Нова година ќе си се почастат со повеќе пари на своите сметки. Граѓаните гневни по ваквата одлука, а обидот на Владата да го затскрие скандалот по тепих, е уште попонижувачки од самата одлука.

Имено, вчера се појави информација дека во Собрание бил доставен предлог закон за покачување на платите на вицепремиеритe за 8.000 денари месечно. Станува збор за Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски.

Со измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија  платата ќе се пресметува  со коефициент од 4% наместо по досегашните 3.70

По ваквата информаци се појавија и реакција од страна на граѓаните во Република Македнија.

-Додека јас работам во бутик цел месец за 8 илјади пријавена на 4 саати луѓето од власта си ги зголемуваат платите на своја рака за 8.000 денари. Ова ли е дел од предиззборните ветувања само за нив да си гледаат, а граѓаните да живеат во беда и сиромаштија, беше еден од статусите кој се појави по социјалните мрежи.

 


Но, од Владата, по реакциите на јавноста, испратија соопштение дека станува збор за терминолошко усогласување на Законот за плата и други надоместоци  со Законот за Влада на Република Македонија.

Согласно со ова усогласување разлика во платите за овие 5 вицепремиери  на годишно ниво ќе изнесува 482.620 денари.

Најнови вести