четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граматиков: За каква ренесанса зборува Ангов, кога го уништи Дојран со дивоградби

Граматиков: За каква ренесанса зборува Ангов, кога го уништи Дојран со дивоградби

„Не знам за каква ренесанса зборува градоначалникот Ангов. Ако мисли за паркот кој се прави веќе втора туристичка сезона, една мала патека до историското обележје во Стар Дојран која чини 70.000 евра, огромни 70.000 евра. Дури и имаше обид за продажба на комунално претпријатие кое падна на референдум“, истакна Ѓорѓи Граматиков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дојран во гостување за Канал 77.

Граматиков додаде дека Ангов дури сега започна со реконструкција на мали улички пред кампања бидејќи за неговиот мандат ништо не направи што ветуваше на граѓаните во Дојран.

„Ангов вработуваше партиски војници во јавната администрација иако препораката од МФ беше да не се вработува дури и да се намали. Ангов не придонесе ништо за развој на економијата во општината како тој што ја спореди како градежна експанзија“, нагласи Граматиков.

Граматиков посочи дека невработеноста во Дојран порасна, граѓаните добија откази, а градоначалникот ништо не помогна.

„Би сакал градоначалникот да го прашам неколку актуелни прашања кои што се значајни за граѓаните на општина Дојран. Дали знае градоначалникот или има преземено нешто во врска со дивоградбите кои што земаа залет уште пред неколку месеци од Законот за легализација, кој некако знае на некој начин дека ќе помине на Собрание? Уште пострашно кај нас е што дивоградбите се започнати од членови и поддржувачи на актуелната власт, токму овие луѓе градат неколку метри од Дојранското езеро“, рече Граматиков.

Граматиков истакна дека неодамна имаше големо невреме, а градоначалникот на Дојран се уште се нема изјаснето дали ќе им излезе во пресрет на граѓаните да им помогне бидејќи земјоделските поседи се уништени.

Најнови вести