Денеска грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, за време на неговата средба со неговиот словенечки колега, Борут Пахор рече дека Грција нема да прифати своеволни толкувања на Преспанскиот договор од страна на владата во Македонија.
Како што пренесува „Катимерини“, неговата реакција доаѓа по вчерашната изјава на премиерот Заев дека Македонците во Грција ќе имаат право да го изучуваат македонскиот јазик.
-Ние не сме подготвени во пресрет на дефинирањето и пред неговата ратификација да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа коишто се своеволни, бидејќи уште ништо не е завршено, изјавил Павлопулос.