сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГРОМ: Нема да поддржиме промена на Уставот

ГРОМ: Нема да поддржиме промена на Уставот

Единствениот „суверен“ на теритиријата на РМ се македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во РМ, реагираат од Граѓанска Опција за Македонија- ГРОМ.

-Тие одлучија на референдумот во 1991 година Р Македонија да биде самостојна суверена и независна држава.  Од таму никој нема право да оди спротивно од волјата нанародот.  Покрај едномесечното медиумско насилие, притисоци и референдумски фалсификат на 30 септември 2017 година, власта го доби одговорот кој го бараше, а, ДИК, референдумот го прогласи, затвори и архивира како неуспешен. Имајќи ја во предвид јасно искажаната волја на граѓаните Извршниот Одбор на ГРОМ, по предходна расправа на Централниот Одбор, останува на ставот дека никој нема право да ја редефинира и крши волјата на граѓаните. Народната волја не може да ја кршат осумдесетина однародени пратеници во собранието на РМ. Тие, наместо да бидат гласот на народот се претворија во извршители на мрачни сценарија против Македонците од страна на надворешен фактор, велат од партијата.

ОД ГРОМ јасно и недвосмилсено и соопштува на македонската јавнст, дека, не подржува промена на Уставот поради промена на уставното име, ниту пак, било какви, како што велат, така наречени (квази) подобрувања со уставни амандмани.

-Секој оној кој што се споротиставува и на манипулативен, дрзок и крајно безобразен начин се труди да ја изигра волјата на народот, во многу блиска иднина ќе се соочи не само со политичка  туку и со правна – кривична одговорност, согласно позитивните законски прописи во РМ, истакнуваат од партијата ГРОМ.

Најнови вести