Гром удри во викендичка на браната „Водоча“, но нема жртви и повредени, откако околу 17:00 часот силно невреме го зафати струмичкиот регион, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.
-Добивме повик за запалена викендичка на браната Водоча, но во меѓувреме граѓаните кои таму престојуваат го изгаснале пожарот. Според нашите сознанија се запалил кревет, а жртви и повредени нема, рече Вернер Стоилов, заменик командир на ТППЕ Струмица.
Од силниот дожд поплавени се неколку улици во пониските делови од градот и дворови.
Вода навлезе и во подземната гаража под плоштадот во Струмица од каде се извлекува со пумпи, а од постари куќи разлетани се керамиди од силниот ветар.
Досега само еден граѓанин пријавил дека има потреба од интервенција на пожарникарите заради извлекување на вода од куќата.
Екипи на ЈПКД „Комуналец“ се излезени на терен и работат на остранување на последиците од невремето.