Граѓанската опција смета дека овае време кога се соочуваме со најголемата здравствена и економска криза од нашето постоење. Затоа граѓаните на Македонија имаат право да бидат информирани за сите активности и поединости на Власта во борбата против невидливиот непријател и очекуваат дека никој неможе да им го одземе правото на информирање. Ова право многукратно се зголемува со фактот дека е воведена вонредна состојба и владата има готово неограничена власт.
Контролата од медиумите е потребна токму да ги заштити граѓаните од злоупотреба на вонредната состојба од страна власта.
Но, наместо Власта да се издигне над тесно партиските интереси и да покаже вистинско државничко однесување за справување со оваа криза, истата прави обид да ја прикрие реалноста применувајќи класична цензура притоа убивајќи ја вистината несвојствена за демократски општества. Впрочем започна да користи речник дека имаме надворешен и внатрешен
непријател. И како во најцрните времиња на почетокот на нашата демократија прстот го впери кон критичките медиуми дека се внатрешен непријател и им забрани да учествуваат на Владините прес конференции, за да не се поставуваат незгодни прашања.
ГРОМ прашува. Зарем повторно ќе влеземе во ерата на познатиот слоган “Некои прашања не заслужуваат одговор”? Напротив сите прашања заслужуваат одговор особено кога државата и народот се наоѓаат во вонредна состојаба.
Јавноста бара одговор на следниве прашања:
1. Зошто подолг време нема заштитни маски за една употреба?
2. Зошто повеќенаменска заштитна маска во нашите апoтеки се продава за 140 денари, а чини 24 денари?
3. 12% од заразените со невидливиот непријател се здравствени работници. Дали истите се заразени со немање на соодветна заштитна опрема?
4. Зошто тест за Коронавирус во Систина чини 1.200,00 денари, кај Жан Митрев 1.500,00 денари, ама во државното здравство 4.950,00 денари?
5. Зошто се воспостави установа за карантин во Пепелиште под секое човеково достоинство?
6. Зошто не се тестираат во поголем број потенцијално заразени граѓани од коронавирусот?
Има и ќе има уште многу прашања, a Критичките медиуми се водат од начелото: Секоја критика е добронамерна Затоа ГРОМ ја повикува власта да разбере дека критичките медиуми се главен двигател во информирањето на граѓаните како да го поднесат товарот на оваа криза. Критичките медиуми имаат право да даваат свој придонес во информирањето на граѓаните и да обезбедат правичност, неселективност, солидарност и заеднички жртви на секој за пребродување на здравствените и економските последици од коронавирусот. На секој граѓанин и политички чинител без разлика дали е власт или опозиција.
Затоа власта мора да разбере дека критичките медиуми може за власта се проблем но за граѓаните насушна потреба.