Првиот вицепремиер Артан Груби преку Фејсбук ги повика иселениците да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број.
„Од 1 март до 31 март, секој иселеник може да се регистрира на веб-страницата на статистичкиот субјект: https://census.stat.gov.mk/. Ве молам за максимална свест и мобилизација. Споделете и известете го семејството“, напиша Груби на Фејсбук.
Инаку од денеска почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.
Оваа активност во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе од денес, 1 март и ќе трае до 21 април.
Ju lutem, mos e leni pa u regjistruar. Mobilizoni, njoftoni, senzibilizoni secilin familjar dhe person që e njifni….
Posted by Artan Grubi on Недела, 28 февруари 2021