петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Груевски: Јас не избегав од правдата, туку продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија

Груевски: Јас не избегав од правдата, туку продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија

Јас не избегав од правдата,туку користејќи други меѓународно правно регулирани методи продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија, пишува поранешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи потврдувајќи дека му е одобрено барањето за политички азил во Унгарија.

-Јас до последен момент, иако гледав колку неправедно ме обвинуваат и судат, иако беше видливо дека судиите уште пред да го почнат судењето и пред да ги погледнат доказите, ја знаеја пресудата, секојдневно, како никој досега се соочував со правдата, се до моментот кога актуелната влада не одлучи неправедно и со политичка одлука да ме стави во затвор, а потоа и да ме ликвидира. Јас јавно кажав дека сум подготвен да одам во затвор доколку Заев се одкаже од погубните политики за Македонија и малтретирањето други луѓе, пишува Груевски на Фејсбук.

Најнови вести