понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Груевски нема да присуствува на седницата за доверба на владата, одбиено неговото барање за одложување на рочиштето

Груевски нема да присуствува на седницата за доверба на владата, одбиено неговото барање за одложување на рочиштето

Поранешниот премиер Никола Груевски кој сега е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, нема да присуствува во парламентот на седницата за доверба на владата.

Денес тој беше на суд околу 11 часа, а таму треба да се појави и утре. Судот ги одби сите барања на неговата одбрана.

Судијката Добрила Кацарска го одби барањето на Груевски да се одложи утрешното рочиште, па тој нема да може да биде дел од утрешната собраниска седница.

Ова го потврди вечерва адвокатот на Груевски, Зиков.

-Утре во 10:30 часот пак ќе има рочиште. Не го прифатија барањето на Груевски да присуствува во Собрание на седницата за интерпелација на Влада, рече тој.

Најнови вести