четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Груевски: Потребно е национално помирување, потребен е закон за амнестија, простување и помирување

ВМРО-ДПМНЕ веќе подготви закон за амнестија, кој наскоро треба да се најде во парламентот и се надевам дека ќе се прифати.
Груевски: Потребно е национално помирување, потребен е закон за амнестија, простување и помирување

-Потребно е национално помирување. Потребен е закон за амнестија, простување и помирување. Само така земјата може да оди напред, и да стави крај на политичките освети и реваншизмите. Големите политичари така се однесуваат во вакви моменти.Треба и Заев и СДСМ да го научи ова, со целосно сочуство кон неговата болка и стрес од немилиот настан на 27ми април.Треба и ДУИ да го знае тоа, затоа што амнестијата кон нив беше за многу потешки дела, изјави Никола Груевски на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека треба СДСМ да постапи како што во овие 27 години независност дури 4 пати постапуваше ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ во 1991 година кога доминираше во експертската влада на Кљусев, и не премина кон казнување на ист начин кон луѓето на комунистичкиот режим чии наследник е партијата СДСМ, кои 45 години стрелаа без судења, апсеа, мачеа и убиваа вмровци кои се спротиставуваа на комунистичкиот режим. А можеше да биде и поинаку. Можеше на тие што се живи и што го правеле тоа да им се суди, да с езатвораат и стрелаат за репресиите на нивниот режим. Потоа со законот за амнестија во 1999 година поврзан со гостиварските настани од 1997 година кога се ослободија два градоначалника од западна Македонија.

Потоа во 2001вата со законот за амнестија на учесниците во конфликтот кои делуваат против државните органи и убија околу 70 војници и полицајци а огромен број беа ранети и повредни, со трауми и последици, и конечно во 2012та, со толкувањето на законот за амнестија со кој 4-те хашки случаи подпаднаа под законот за амнестија, меѓу кои и водството на ОНА. Сите овие амнестии беа многу болни и тешки за нас, но ние покажавме политички капацитет и државништво во поглед на национално помирување и заедничка иднина а не заеднички вечен конфликт освети и реваншизми.

Најнови вести