понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Груевски: Приметлив е начинот на кој провладините медиуми сакаат да ја дефокусираат јавноста од клучните прашања

Груевски: Приметлив е начинот на кој провладините медиуми сакаат да ја дефокусираат јавноста од клучните прашања

Забележителна е интенцијата на медиумите кои што се поддржувачи на СДСМ, да цело време приказната ја дефокусираат на работи кои што се тотално несуштински- од типот дали јас и Мицкоски се гледаме, дали сме нешто скарани, дали не сме скарани, наместо да се фокусира на суштинските прашања како што е промената на уставното име кое што СДСМ го подготвува, истакна меѓудругото поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по судењето за случајот Траекторија.

-Како што е да речеме Законот за јазиците, кој што се донесе насила и се донесе на еден неуставен начин. Како што е да речеме договорот со Бугарија кој што е штетен за нашата држава се прифатија 3 точки, кои што во иднина ќе има последици од нив. Значи приметлив е начинот на кој што провладините медиуми сакаат да ја дефокусираат јавноста од клучните основните прашања, оние што ги засегаат граѓаните. Вклучувајќи ја и економијата на пример, да ја префрлат на поле кое е тотално ирелевантно, кое што не е суштинско за граѓаните и постојано бара дали еден со друг се видел, се слушнал, се погледнал и така натаму. Тоа е една вака интересна ситуација.

Според Груевски, она што судството сега го има допрено како дно, никогаш не се случило.

– Мислам дека овие судски реформи што се прават се површни односно дека нема да има некој посериозен резултат, затоа што клучната реформа е реформата во главите на политичарите и во главите на судиите, а тоа е спрегата помеѓу политичарите и судиите, притисокот од политиката на судиите и послушноста и покорноста на судиите кон политичарите од власта, односно оние кои што ја имаат извршната моќ и тоа со закон не се решава. Тоа е ментален склоп. Тоа е партиска работа. Од тоа треба партијата да се воздржи од такви работи, судиите да покажат интегритет и да дејствуваат во правец дека не е важно кој ги предложил или кој стои зад нив партиски или за која партија навиваат и во која партија припаѓаат, да судат согласно законот, а не да судат согласно очекувањата како мисли лидерот во нивната партија.

Најнови вести