понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Груевски: Судот е под силен политички притисок што побрзо некому да испорача некаков резултат

Груевски: Судот е под силен политички притисок што побрзо некому да испорача некаков резултат

Повторно сум овде во судот, во 8 дена, шест дена сум во судот. Пред неколку дена слушнавме како судијата кажа дека наредено му е овие предмети што се водат преку СЈО, да се туркаат со голема брзина, да бидат приоритетни, а сите други како што тој ги нарече редовни предмети да се одлагаат за на нивно место да дојдат овие предмети, истакна Никола Груевски по денешното рочиште за случајот „ТНТ“.

-Се поставува прашањето, кој наредил, зошто наредил и која е очигледната политичка цел да случаите каде што се врши политички прогон против мене и против моите соработници на некого му се толку важни што ги одлага сите други процеси на други граѓани, се со цел да завршат побрзо и да се оствари некој аполитичка цел. Истовремено гледаме како во случајот на Зоран Заев се закажуваат на месец ипол, на два и завршуваат за 15-ти минути, рече Груевски.

Тој посочи дека втора тенденција која се гледа е дека ќе се работело цел ден, како што било најавено.

-Ниту се работи за притворски предмети, па да мора некој побрзо да излезе од притвор, ниту пак има било каква друга причина. Очигледно судот е под силен политички притисок да што побрзо некому му испорача некаков резултат, да ги турка сите овие предмети со брзина каква што нема во историјата на нашата држава на сметка на сите други предмети. Се поптврдува уште еднаш дека станува збор за класичен политички прогон, политичка хајка против политички неистомисленици, нагласи Груевски.

Тој посочи дека денес имал можност да даде воведен збор иако, како што рече, се уште не биле доставени голем број од доказите, што е сериозно нарушување на постапката.

-Потенцирав дека ќе се докаже во оваа судска постапка дека како и сите други предмети на СЈО и овој е еден од политички инструираните предмети во хајката за рушење на Владата која ја предводев, за носење на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција и носење на друга политичка партија со цел да се извршат одредени политички цели, во прв план редефинирање на државата во секој поглед, потенцираше Груевски.

Најнови вести