На социјалните мрежи денеска почна да кружи видео снимка на која е направена од Специјалната болница по гинекологија во Чаир, каде што се гледа црн чад од оџаците на болницата.
Во коментарите на социјалните мрежи граѓаните прашуваат на што се грее болницата, и што го проиведува тој црн облак кој излегува од оџаците, во коментарите може да се забележи и дека граѓаните кои поминуваат или живеат таму се жалат на непријатен и лош мирис.