среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Густа магла на повеќе патни правци, возете внимателно

Густа магла на повеќе патни правци, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Штип – Радовиш, Штип – Неготино и Тетово – Скопје, од 50 – 100м. на патните правци Кочани – Виница, Скопје – Куманово и клучка Хиподром – обиколница Скопје, од 100 – 150м. на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес, Градско – Неготино и М.Брод – Кичево и до 100м. на планинскиот превој Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести