вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гувернерката Бежовска не одговори на ниедно од прашањата од опозицијата, цитираше одредби од закон

Гувернерката Бежовска не одговори на ниедно од прашањата од опозицијата, цитираше одредби од закон

На денешната надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на која што гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска беше повикана да одговори на прашања од страна на пратениците, а во врска со одземањето на дозволата за Еуростандард банка, речиси не одгвори на ниедно конкретно прашање кое и беше поставено од пратениците од опозицијата.

Бежовска беше прашана од страна на пратеникот Антонијо Милошоски за 29-те фирми од Струмица кои биле блиски до фамилијата Заеви од кои и „Сара инжењеринг“, фирма на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, меѓу кои „Глобал медиа груп“ и „Тлитерол“ бизнис партнери на Заев како поранаешен градоначанил на Струмица, кои како што вели со месеци не ги плаќале кредитите земени во Еуростандард банка, со што оствариле корист од над 12 милиони евра на штета на сите други штедачи.

Милошоски и потенцираше на Бежовска дека знаела за истото, затоа што при ревизиите и дневниот надзор кој бил спроведуван, па по тоа зошто дозволиле на штета на штедачите овие фирми да остварат корист, по кое што прашање таа не одговори.

Пратеникот Димитар Апасиев пак ја праша Бежовска дали и кога е известена министерката Нина Ангеловска за инсолвентност на банката, како и тоа зошто не е отпочната процедура за администрација на банката туку е директно одземена дозвола, и дали е вистина дека во 2017 година под влијание на банкарското лоби да се укине можноста банките да даваат банкарски изјави за нето должници, како и дали со тоа дали се прикрива незаконското финансирање на поврзани лица, на што Бежовска конкретно повторно не одговори на ниту едно од поставените прашања.

Пратеникот Елми Азири ја праша Бежовска дали НБРМ направила доволно по однос на инвеститорите внатрешни и надворешни кои биле заинтересирани, и колку била активна НБРМ во олеснување на трансанкциите на постоечките банки во Република Македонија за купување на Еуростандард банка, како и зошто НБРМ не постапила кон „конзерваторшип“ или одземање на контролата кое во голем број случаи се случува во земјите од ЕУ.

Пратеникот Тимчо Муцунски ја праша Бежовска зошто е дозволено банката да функционира со број на членови на Надзорниот одбор кој е под законскиот минимум и какви формално правни реперкусии тоа создало од нелегитимни одлуки со 4 членови на Надзорен одбор.

Бежовска рече дека биле исцрпени сите законски можности, како и тоа дека банката подолг период била под супервизорски надзор, дека биле изречени 40 супервизорски мерки во последните две години, како и тоа дека барале уплата на поголем капитал.

Гувернерката на НБРМ освен тоа што цитираше членови од Законот за банките, и ги прочита веќе изнесените до сега ставови во јавноста, не појасни ништо и не одговори ниедно од упатените прашања кон нејзе, а Собранието ја задолжи сите одговори да ги достави писмено.

Најнови вести