четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГУЖВА НА ТАБАНОВЦЕ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА – еве колку време се чека во место

ГУЖВА НА ТАБАНОВЦЕ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА – еве колку време се чека во место

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Оттаму најавуават дека сообраќајот на патниот правец од кочанското село Бејли кон Пониква претстојниот викенд ќе биде затворен за сообраќај поради одржување на меѓународниот натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки.

Прекинот на сообраќајот во двата дена ќе почне во десет часот и ќе трае до завршување на планираните тренинзи (сабота) и натпреварот (недела) за кои стартната саатница е 12 часот.

АМСМ најави и дека следната недела, на 5, 6 и 7 септември, Пелагонија АД Гостивар како изведувач на работите ќе воспостави времен режим на комплетно затворен сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот на патниот правец Маврови Анови – Жировница (Р1202) поради испитување на мостовските конструкции на патот „Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“ согласно Одобрението за времена измена на режимот на сообраќај.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Најнови вести