сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ha нитy eднo лицe кoe yпaднa во Koнгpecот нe мy се cyди за тepopизам: Лaжни вecти нa Дojче Веле – aлиби зa Pycковска

Ha нитy eднo лицe кoe yпaднa во Koнгpecот нe мy се cyди за тepopизам: Лaжни вecти нa Дojче Веле – aлиби зa Pycковска

„Дојче Веле“ на македонски шири лажни вести во текстот насловен „ Подарок од Трамп за Вилма“. Во шпекулативниот текст исполнет со манипулации авторот Љупчо Поповски се обидува да прикаже дека квалификацијата на Џо Бајден на нападот на конгресот како тероризам е оправдување за 200-те години затвор кои ги побара Вилма Русковска, а ги пресуди Добрила Кацарска за уставобранителите од 27-ми април, пишува Инфомакс.мк

-Квалификацијата на Џо Бајден дека оние што насилно влегоа во Конгресот се „домашни терористи“ на директен начин го потврди обвинението за 27 април кај нас и за терористичка загроза на Републиката, пишува Поповски, а пренесува Дојче Веле.

-Една жена може многу да биде „задоволна“ од последиците од бестијалниот упад на хордите на Трамп во Конгресот – обвинителката Вилма Русковска. Не дека би го поздравила освојувањето на Капитолот од оние кои не беа задоволни од изборните резултати, туку што нејзината квалификација за истиот и дури подраматичен настан на 27 април 2017 година во Македонија – дека се работеше за терористички упад – доби целосна потврда. А и судијката Добрила Кацарска (која сега седи во Уставниот суд) може да биде задоволна – нејзиното образложение на долгогодишните затворски казни за учесниците сега се во целосна согласност со она што го зборува едногласно Америка: дека се работеше за обид за пуч оркестриран од Доналд Трамп, додава тој.

Но ајде да видиме што денес објави официјално американското министерство за правда, пишува Инфомакс.мк

-Тринаесет лица се обвинети досега во федералниот суд во областа Колумбија во врска со злосторствата извршени во американскиот Капитол во Вашингтон, во среда, 6 јануари 2021 година. Покрај оние за кои се обвинети, дополнителни приговори се доставени и истрагите се во тек.

„Бесправното уништување на зградата на Капитол во САД беше напад против една од најголемите институции на нашата нација“, вели државниот американски обвинител Мајкл Шервин. „Мојата канцеларија, заедно со нашите партнери задолжени спроведување на законот на сите нивоа, бргу работиме и ги користим сите ресурси за да ги идентификуваме, апсиме и започнеме да ги гониме овие лица кои учествувале во дрските кривични дела во Конгресот на САД. Ние сме решителни во заложбата да бараме одговорност од секој кој ги стори овие срамни кривични дела“.

Ниту Шервин, ниту било кој во американското министерство за правда не му паѓа на памет да спомене дека станува збор за тероризам. Од 13-те лица досега обвинети ниту едно не е обвинето за тероризам, пишува Инфомакс.

Целиот текст може да го прочитате на ИНФОМАКС.

Најнови вести