„Против смена на Уставот не е само ВМРО, како што секој ден го повторуваат Ковачевски, Маричиќ, Бујар и Груби. Против е, со исклучок на Албанците, огромното мнозинство на македонскиот народ од сите слоеви”.
Ова на Фејсбук го напиша поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, коментирајќи ги изјавите на министрите во владата на СДСМ и ДУИ кои отпорот кон уставните измени го лоцираат во најсилната опозициска партија.
Постот на Хајредини на Фејсбук предизвикува внимание и коментари, а јавноста го доживува како еден од ретките албански интелектуалци кој реално ја согледува состојбата во земјата.