Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во емисијата Топ Тема на Ваша страна откри дека ниту на високи партиски функционери од СДСМ не им било јасно како ќе ја зголемат платата на 500 евра која што толку долго ја најавува премиерот Зоран Заев.
Како што рече Хајредини, во предизборниот период кога бил на неформална средба со двајца високи функционери од кој едниот заменик министер во владата а другиот советник, не откривајќи ги нивните имиња ги прашал како ќе се постигне тоа плата од 500 евра, на што и двајцата му одговориле дека не знаат.
-Имав прилика со двајца мои колеги, другари кои се во СДСМ, кои се функционери, едниот е заменик министер, а другиот советник, пишуваа програма на СДСМ и им реков абе што ви треба ова 500 евра плата во капиталистичко-приватно стопанство. Како ќе обезбедите вие и како прогнозирате колку ќе биде платат? Може ќе биде и 600, но тоа е работа на капиталистот. Капиталистот и кога заработува не им ја дава на работниците. На работниците им даваш колку е цената на трудот на пазарот, а не колку е твојата добивка, објаснува Хајредини.
Па види чудо, еве ова ќе го кажам иако ми се налутат, тие двајца се погледнаа еден со друг и едниот вели јас не знам, другиот вели ни јас не знам. Ги прашав па кој знае, добјаснува тој.
Со ова уште еднаш се докажува дека граѓаните нема да ја добијат ветената плата од 500 евра од страна на Владата на СДСМ и премиерот Заев, односно дека нивната програма е само празно слово на хартија и големо предизборна лага.