четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хајредини за енергетската криза и ценовниот шок: На сите им е тешко, но на Македонија и е најтешко, владата на СДС не го сфаќа сериозно бизнис секторот

Хајредини за енергетската криза и ценовниот шок: На сите им е тешко, но на Македонија и е најтешко, владата на СДС не го сфаќа сериозно бизнис секторот

На сите им е тешко, но на Македонија и е најтешко, вели Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма, во однос на енергетската криза и ценовниот шок.

Хајредини за изјавите на владата на СДС дека најенергично одговориле на кризата во регионот вели дека тоа не точно, укажувајќи дека смета дека и тие од власта не си веруваат во ваквите изјави.

Вината е зошто во услови кога на сите име е тешко, на Македонија и е најтешко, кога и околните земји не се во тешка ситуација како кај нас. Имам критика кон претставниците на власта што ја опишуваат состојбата „нашата влада даде најенергичен одговор во регионот на Западен Балкан на енергетската и ценовната криза“. Но, јас мислам дека тоа апсолутно не е точно и греши владата и претставниците, дури сметам дека ниту тие самите не веруваат во своите оценки дека ситуацијата е добра, смета тој.

Во однос на спас на стопанството од енергетската криза, Хајредини потенцираше дека владата не ги сфаќа сериозно барањата на бизнис секторот, односно како што рече тие како да не живеат во иста држава бидејќи додека стопанството има барања за излез од кризата, владата им одговара дека е најуспешна од сите земји во справување на кризата,

Тие реално ништо не понудиле на бизнис секторот. Тие како да не живеат тука, тие велат дека најенергично сме одговориле на енергетската криза и ценовните шокови. Тие воопшто не го доживуваат бизнис секторот и не го сфаќаат сериозно, бизнис секторот им вели имаме барања, владата им враќа ние сме најуспешни од сите земји, истакна поранешниот министер за финансии Хајредини.

Најнови вести