сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Хакатон за развој на стратегија за маркетинг и унапредување на социјален бизнис

Хакатон за развој на стратегија за маркетинг и унапредување на социјален бизнис

На 14 и 15 декември 2022 година се одржа хакатон за развој на стратегија за маркетинг и унапредување на социјалниот бизнис Рето, организиран од Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет – Скопје и Центарот за социјални претпријатија.

Пет тимa на студенти го посетија социјалното претпријатие и за време на двата дена изготвија идејни решенија за визуелниот идентитет на претпријатието, прототипи и демо-верзии на профили на социјални мрежи, онлајн продавница и стратегии за користење различни маркетинг-канали. Социјалното претпријатие Рето се занимава со продажба на репариран мебел, мебел од втора рака, како и уникатни, нови парчиња мебел во чие функционирање се вклучени работници од Рето – центарот за рехабилитација на зависници.

Тимот со идејното решение кое експертското жири го оцени како најсоодветно и применливо за социјалниот бизнис доби финансиска поддршка од 30.000 денари за негова реализација.

Најнови вести