вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хакерите барале милионски откуп во биткоини, а Фондот за здравство не открива дали било платено откуп на или не!

Хакерите барале милионски откуп во биткоини, а Фондот за здравство не открива дали било платено откуп на или не!

Директорката на Фондот за здравство Магдалена Филиповска Грашковска на денешниот брифинг со новинарите, ниту потврди, ниту пак изрично демантираше дека откупот кој хакерите го побарале, не е платен од страна на Фондот или од страна на трето лице.

Иако македонската јавност очекуваше детали за тоа што точно се случи со системот на ФЗО поради кој две недели не беа достапни здравствените податоци за над 1,8 милиони осигуреницим, без плата останаа здравствените работници, а не се исплаќаа ниту боледувањата и рефундациите, директорката Филиповска Грашковска не објасни речиси ништо за природата на хакерскиот напад, бараниот откуп и евентуалната исплата на хакерите, туку се извлекуваше дека случајот е под истрага.

Сите овие информации ги смести во графата „класифицирано“ па така не се откри ни начинот на кој што системите магично се вратија во функција. Според информации на „Слободен печат“ хакерите барале 20 биткоини за да го дадат клучот од енкрипцијата, а дали им било платено и како системот профункционира останува податок затворен за јавноста.

Филиповска Грашковска на прес конференцијата немаше ИТ експерт покрај себе, иако рече дека во Фондот има шест ИТ експерти кои се вработени. Дополнително, не сакаше да открие колку пари се одлеале од Фондот за реставрацијата на системот, со оглед на тоа што потпишувани биле договори со странски експерти и фирми кои работеле на опоравувањето на хакираната здравствена база.

Директорот на ИТ секторот се разболел во текот на реставрацијата поради големиот притисок и стрес и се уште е на боледување. Отсутен од работа во Фондот е и директорот Фатон Ахмети кој цел хакерски напад го поминал на одмор во Америка. Одговорност Грашковска не чувствува и повикува на трпение за да заврши истрагата.

Најнови вести