четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хан: Мора да покажете нула толеранција кон корупцијата

Хан: Мора да покажете нула толеранција кон корупцијата

Во Скопје дојдов да дискутирам за реформите со политичките лидери особено за владеењето на правото и правосудството. Сите политички сили треба да се фокусираат на стратегиската цел – евроатланските интеграции, порача еврокомесарот Јоханес Хан по средбата со премиерот Зоран Заев.

Тој испрати порака дека земјава е блиску до датум за преговори, мора сите да се фокусираат на добивање на датум за преговори, но и да се расчистат корупциските случаи. На владата ѝ порача оти мора да се продолжи со реформите.

– Важно е да продолжите да испорачувате реформи. Да се покаже нула толеранција кон корупцијата. ЕУ членките го следат овој процес одблиску, пред сѐ, владеењето на правото – рече Хан.

За опозицијата рече дека треба да се пофали што е конструктивна во Собранието, а на прашањето што ќе ѝ порача во средбата која ќе следи денеска тој одговори дека мора да се најде решение за Законот за обвинителство.

– Можам да ги поттикнам што е поскоро да дојдат до решение. За нас има неколку црвени линии најважната е дека за секое решение мора да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да се изгубат случаи. Никој не смее да биде амнестиран од целиот процес поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Тоа мора да се загарантира, така ние го гледаме владеењето на правото – рече Хан.

Најнови вести