сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хан: Не сакам да подгревам надежи за одлука за преговори во март

Хан: Не сакам да подгревам надежи за одлука за преговори во март

Еврокомесарот Јоханес Хан не сака одново да ги подгрева надежите дека е можно Европската унија наскоро да донесе одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија и со Албанија.

-Факт е дека до Самитот во Загреб во мај работите мора да бидат расчистени, но не би сакал да шпекулирам дали одлука ќе се донесе на Европскиот совет во март, вели комесарот Хан во разговорот со новинарот од „360 Степени“ и додава:

„Беше интересно и за оние што беа критични и ставија вето, да ја видат меѓународната реакција, која беше јасна и едногласна реакција- сите рекоа дека станува збор за огромна грешка со далекусежни последици, ако не се промени. Секако, за политичарите не е секогаш лесно веднаш да го променат мислењето, но мислам дека се предизвикаа одредени рефлексии и ние сме подготвени да помогнеме и да најдеме решение зашто огромен дел од земјите-членки, поточно најмалку 25, се за „зелено светло“ за почеток на пристапни преговори“.

Најнови вести