Секојдневниот хаос по Клиничкиот центар, револтираноста на граѓаните денес прерасна во невиден хаос.
Денес беше блокиран влезот на Хирургија кај што се внесува храна, дури помеѓу Хирургија и Стоматологија се сечеа дрва. Вработените поради овој хаос дури доцнеле на работа по еден час, со што биле спречени да започнат да ја вршат својата должност на време.
По ова дури рампите кај што се наплаќа паркингот паѓале на секои 2 минути, и ги оштетувале возилата на граѓаните. Дури при паѓањето на рампата на еден од вработените на Клиниката му го оштетило возилото при што не добил ниту бесплатен паркинг.
Овој хаос кај клинички Центар кој што е присутен од поодминато време денес кулминираше на доста високо ниво. Иако министерот уште на својата прва прес конференција при преземање на должноста вети дека ќе го реши хаосот, тој се уште владее. Се надеваат граѓаните дека ова што се случи денеска ќе го разбуди министерот за да го реши хаосот бидејќи вака страдаат и вработените и пациентите.