На Плетвар лошите временски услови направија хаос. Имаше застој, особено за тешките товарни возила.
Застојот започна уште во 16 часот, кога сообраќајот бил запрен за да помине државна делегација.
-Тогаш проблем беше запрените, особено тешки товарни возила, да се стават веднаш во сообраќај, па мораше дополнително на коловозот да се фрла сол за да се стават во сообраќај тешките товарни возила, изјави Љупчо Блажески, раководител на пунктот Плетвар на „Македонија пат“.
Возачите на запрените тешки товарни возила чија колона беше долга до влезот на градот, изјавија дека околу половина час чекаат да им биде дозволено од полицијата да поминат.
Заглавени се повеќе од 50 камиони.