Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР со хеликоптер од типот Bell 212 продолжи со гаснење на пожарот кој го зафати делот помеѓу селото Крушица и планината Песјак и Кичевија.
При гаснењето на пожарот во период од шест ипол часа беа исфрлени 35 тони вода. Пожарот е локализиран со што не е дозволено да се прошири кон селата Козичино и Дупјани.