четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хелсиншки комитет: Остра осуда за обидите да се попречи правото на протест

Хелсиншки комитет: Остра осуда за обидите да се попречи правото на протест

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро ги осудува обидите да се попречи уставно загарантираното право на мирен протест на средношколците.

-Истовремено, известуваме дека Комитетот ќе поднесе претставка до Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат поради недозволивото однесување на директори на училишта, кои се обидоа со заплашување и закани да ги спречат учениците да излезат на денешниот Марш организиран од движењето Fridays for Future-Скопје и коалицијата „Зелен фронт“. Покрај  неприкосновеноста на правото на протест, ја нагласуваме и потребата од промена во образовниот процес каде наместо да се добива демократска наобразба и охрабрување на учениците да ги практикуваат своите права, сведочиме на автократски пориви на лица кои се на раководни позиции во образованието. На крај, последиците од загадувањето и климатските промени се проблем од кој се погодени сите граѓани. Затоа, протестите имаат голема важност во подигнувањето на свеста за потребата од сеопфатна акција и претставуваат легитимен притисок врз институциите за преземање покрупни чекори кон промена на горчливата состојба, информираат од Хелсиншкиот комитет.

Најнови вести