Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на Охридскиот пливачки маратон што се одржа денеска патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до градското пристаниште.
-Трката беше многу тешка, бидејќи водата беше студена и имаше бранови. Многу сум среќен што победив, изјави Хернандес.
Во конкуренција на седумина пливачи и една девојка воторото место го освои Франческо Гетини од Италија, додека трет беше Македонецот Евгениј Поп Ацев.
-Секој пат е тешко, долга е трката, на крај имаше бранови и беше тешко. Последниот час беше стварно тежок. Задоволен сум со второто место. Водата не беше многу студена, но сепак беше. Добра трка, многу сум среќен, рече Гетини по трката.
Покровител на маратонот е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.