понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Хероите живеат вечно“, мурал во спомен на „тигрите“ кои се бореа во Диво Насеље

„Хероите живеат вечно“, мурал во спомен на „тигрите“ кои се бореа во Диво Насеље

Припадниците на безбедносните сили кои на 9 и 10 мај 2015 година учествуваа во вооружената борба со терористичката група која беше влезена во Диво Насеље добија мурал „Хероите живеат вечно“ во центарот на Куманово, спроти МКЦ Козјак. Муралот го изработија членовите на здружението „Форма Куманово“. Слободните кумановски уметници досега низ градот имаат направено околу 500 мурали.

„На наша и на иницијатива на припадниците на специјалната антитерористичка единица Тигар го изработивме муралот за да им оддадеме почит на припадниците на безбедносните сили. Изработката е поддржана од фирми од Куманово и од министерот, Оливер Спасовски“, изјави Младен Трендевски од здружението „Форма Куманово“.

Муралот ја претставува акцијата на припадниците на безбедносните сили во кумановско Диво Насеље под знамето на Македонија.

Здружението „Форма Куманово“ досега работеше на повеќе проекти, исцртување мурали и графити низ целиот град. Според проценките во Куманово има над 500-тина мурали и графити.

Слободните уметници од здружението од Куманово велат дека за разлика од претходните години, кумановската јавност има високо мислење за овој вид уметност. Муралите во Куманово ги има на повеќе локации, уметниците првин твореа на училишните згради „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, долж булеварот Октомвриска револуција. Уметниците од здружението особено внимание привлекоа со муралот на Блаже Конески, на голманот Столе Димитриевски, великанот Гоце Делчев и сега со муралот „Хероите живеат вечно“.

извор:mkd.mk

Најнови вести