четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ходниците по институции преполни, Филипче смирува дека ситуацијата е под контрола

Ходниците по институции преполни, Филипче смирува дека ситуацијата е под контрола

Граѓаните деновиве се сведоци на високата бројка на новозаразени од КОВИД-19. Поради тоа кај нив се поставува прашањето дали власта планира да превземе одредени мерки и да направи реорганизација во државните институции. Имено голем број на граѓани секојдневно се жалат на преголемите гужви од луѓе во државните институциите.

-Пред два дена бев во Министерството за внатрешни работи да вадам лични документи. Иако таму се закажува со термин, сепак ходникот беше преполн, можеби имаше едно 30-тина луѓе во ходникот, вели граѓанин.

Друг граѓани раскажа за слична ситуација во Управата за водење матични книги каде исто така се соочил се преголема гужва на луѓе.

-Во понеделникот бев во Управата за водење на матични книга каде требаше да подигнам документ. Во просторијата можеби имаше над 40-тина луѓе. Како може тоа да биде дозволено кога последните две недели имаме преголема бројка на новозаразени од КОВИД-19. Зошто надлежни не превземаат ништо за да не се прават толку големи гужви во затворени простории?, запраша загрижен граѓанин.

Центрите за социјални работи исто вријат.

-Денес сум тука од 8 изутрина сега е 12.45, и може и да не завршам зошто со странки работат до 13.00. Пишува да влегува по едно лице, а внатре во тесен ходник има скоро 30 лица и на еден шачлчтер се чека за една општина, ама за се за нега, за второ, трето дете, сведочи граѓанин кој го затекнавме пред Службата за социјални работи.

Сето ова покажува дека Владата не превзема никакви мерки за спречување на пандемијата и ги турка граѓаните во поголеми проблеми и води до ширење на заразата.

Најнови вести