Врвот на опасноста на демократијата се достигнува кога преку недемократски форми, дури и на пратениците им се оневозможува слободното изразување на волјата, објави секретарот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, на својот фејсбук профил.
– Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај се, Движењето БЕСА ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото!, пишува Хоџа и додава дека секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето БЕСА „продолжува со политичкото патување“.
Тој уште посочува дека соработката на опозицијата со Алијансата за Албанците и Алтернатива „ќе продолжи до последното уривање на овој режим“. (МИА)