среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Христова: Предложеното зголемување на средствата на општините за 2021 година не е ништо друго освен манипулација со народот

Христова: Предложеното зголемување на средствата на општините за 2021 година не е ништо друго освен манипулација со народот

Како што можеме да видиме со предложените измени во Законот за финансирање на единиците за локална самоуправа има промена на член 9, односно се додава нов член 9а со кој се утврдува висината на приходите од данокот на додадена вредност кои се распределуваат на општините за 2021 година, а истиот е вклучен и суштински по однос на самите промени кои еден ден ќе станат и те како видливи, а граѓаните сами ќе почувствуваат на свој грб. Се предвидува во 2021 година висината на приходите од ДДВ да се обезбедат во висина од 4,5% од просекот на наплатениот данок на додадена вредност во последните три години, наместо 4,5% од наплатениот ДДВ во последната година. Привидната помош на општините која се нуди со овие измени посебно во став 2 во член 9 ќе стане видлива најверојатно после 31.12.2021 година до кога важат истите, нагласи Даниела Христова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Христова запраша што по 31.12.2021 година ќе се случи со општините.

-Ова зголемување на средствата на општините за 2021 година не е ништо друго туку повторно манипулација со народот и тоа не во било какви услови, туку во услови на пандемија и во услови кога имаме година на локални избори, рече Христова.

Христова посочи дека во предложените измени на законот за финансирање на единиците на локална самоуправа како главна цел се наведува дека ќе им се олесни работењето на општините во време на КОВИД-19 и ќе се обезбедат стабилни приходи во Буџетот на општините. -Но, стабилни приходи во општините за што? За која намена? Имајќи го во предвид фактот дека оваа година е година на избори, постои сомнеж дека намерата не е искрена за помош, туку станува збор за класичен поткуп во ек на предизборието.

Најнови вести