Помина цела недела откако јавно објавив, но и формално до архивата на Градот доставив неотповиклива оставка.
Веднаш потоа градоначалничката Арсовска на нејзината фејсбук-страница објави дека оставките се “принудни” (без разлика дали е така), што укажува дека била/е спремна за кадрови промени.
Но, реалноста е друга, од Градот се’ уште нема никаков одговор. Претпријатието и вработените се оставени сами на себе.
Алармирам до градската администрација да си постапи во согласност со законот, да ја прифати мојата неотповиклива оставка и да назначи нов директор. Работата во претпријатието мора да продолжи без одлагање. Тековните активности и новитети не смеат да запрат без разлика на несогласувања и политички комбинаторики.
Вработените и граѓаните се на прво место!
Уште еднаш сакам јавно да се заблагодарам на сите вработени во ЈП Градски паркинг, како и сите поддржувачи на мојата досегашна работа во претпријатието, стои во неговиот пост на Фејсбук.