четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хуманитарен базар во храмот „Св. Петка“

Хуманитарен базар во храмот „Св. Петка“

По повод Велигденските празници утре во црквата „Св. Петка“ во Скопје, ќе биде одржан хуманитарен базар во организација на Здружението на слепи лица Скопје и општина Кисела Вода.

На настанот, што ќе почне во 10 часот, од страна на членовите на Здружението ќе бидат изложени изработени и декорирани велигденски погачи, пити, колачи, велигденски јајца и други рецепти, кои го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден.

Најдобрите изработки ќе добијат парични награди кои ги обезбеди општина Кисела Вода.

 

Најнови вести