петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хуманитарна акција “ЗАЕДНО ПРОТИВ ГЛАДОТ”

Хуманитарна акција “ЗАЕДНО ПРОТИВ ГЛАДОТ”

16 октомври е Светскиот ден посветен на гладот. Ден посветен на гладните, на оние семејства кои едвај имаат еден оброк во денот, ден на гладните деца и семејства кои легнуваат и стануваат гладни зошто немаат што да јадат.

Сведоци сме на секојневното покачување на храната, струјата, на основните средства за живот и на зголемената сиромаштија која секој ден е се поголема и поголема.

По повод Светскиот ден на гладот, Хуманитарна организација “Свети Спас” на 16 октомври (ПОНЕДЕЛНИК) започнува акција за собирање храна и хигиенски средства наречена “ЗАЕДНО ПРОТИВ ГЛАДОТ!!!”, а со цел да собереме храна и хигиенски средства кои ќе ги поделиме на оние на кои тие им се најпотребни.

На 16 октомври низ Скопје ќе имаме поставено 11 (единаесет) собирни пунктови и тоа:

– СУПЕРТИНЕКС – ПРВОМАЈСКА од 12.00 часот до 20.00 часот

– ВЕРО ЏАМБО од 12.00 часот до 20.00 часот

– ВЕРО – НАС. АЕРОДРОМ од 12.00 часот до 20.00 часот

– ЗУР МАРКЕТ – НАС. ДРАЧЕВО (стара последна 41) од 08.30 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. ДРАЧЕВО од 14.00 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. АВТОКОМАНДА

– ВЕРО -: НАС. ТАФТАЛИЏЕ

– ЗУР МАРКЕТ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (СП Планет)

од 12.00 часот до 20.00 часот

– ДИМ МАРКЕТ – С. СТАЈКОВЦИ од 12.00 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. ИЛИНДЕН од 12.00 часот до 20.00 часот

– СТОКОМАК – НАС. БУТЕЛ од 12.00 часот до 20.00 часот

– Магацинот на организацијата од 10.00 часот до 20.00 часот

Понеделник ден кој за некој е работен, за некој неработен. Ден кој можеме да го искористиме и да го испoлниме со хуманост. Велат како ќе ти тргне понеделник така ќе ти биде цела недела 🙂 овој пат овој понеделник нека ви биде хуман понеделник исполнет со хуманост.

Искористете ја паузата за да донирате, донирајте откако ќе завршите со работа, донирајте со семејството заедно, донирајте и поминслете на оние кои немаат и кои чекаат на вашата помош и подршка.

Ве покануваме индивидуалци и фирми, да земете учество и ЗАЕДНО ПРОТИВ ГЛАДОТ да купиме храна и донираме на некој од нашите 11 пунктови со цел да помогнеме во искоренувањето на гладот во Македонија. Да станеме учесници во борбата која секојдневно станува се понерамномерна и да помогнеме без да размислуваме.

Да ги поканиме и нашите роднини, пријатели, работодавци…и да земете активно учество во оваа акција а со тоа ќе помогнете на многу семејства кои нажалост секој ден бројката е голема и се поголема.

Ве очекуваме во понеделник (16.10.2023 година) на нашите пунктови од 12.00 часот до 20.00 часот!!!

Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие!!!

Хуманитарна организација “Свети Спас”

Контакт телефон 078/383-743 (отец Оливер)

Најнови вести