Џемаил Јусуфи, син на тетката на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, е новиот менаџер на „Елем Турс“ – пишува „Инфомакс“. Јусуфи доаѓа од Тетовскиот универзитет и со години работи како раководител на правните, административни и технички работи.
„Елем Турс” е подружница на акционерското друштво „Елем”. Таа е основана за да управува со рекреативниот центар „Попова Шапка”, хотелите „Попова Шапка” и „Славија”, скијачкиот центар „Копанки” и „Молика” во Пелистер итн.