Откако неговиот разговор со Зоран Милески – Кичеец беше употребен во кампањата, црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ излезе со јавна реакција нарекувајќи ги неточни и злонамерни написите објавени во македонските медиуми.
Тој сега тврди дека парите што се споменуваат во снимката ги исплатил на Кичеец за консултантски услуги, и тоа не во времето на владата на Зоран Заев туку во времето на владата на Никола Груевски.
-Значи, медиумската квалификација дека се работи за мито е премногу насочена и пресметана, бидејќи во овој деловен однос не постои ниту еден елемент што би укажувал, а камоли одредувал наведена исплата како мито и корупција. Сето ова укажува дека некому е цел деловно да ме дискредитира и да се обиде да ја спречи реализацијата на започнатите деловни проекти во Република Македонија. Фактот дека наведените парични средства сум ги исплатил на Зоран Милевски во време на владата на Никола Груевски, а не во време на владата на Зоран Заев, исто така потврдува колку написите се невистинити, а над се со цел и монтирани. Милевски, и покрај сите ветувања и преземени обврски, не успеа да обезбеди ниту една дозвола, ниту презеде какви било активности за реализација на проектот во Општина Штип, а единствено што стори за мене е што ми организираше состанок со премиерот Зоран Заев, реагира тој.
Но, кога Давидовиќ ја смислувал оваа реакција изгледа заборавил дека додека Никола Груевски беше премиер, Драги Рашковски не беше вработен во Владата. Функција на Рашковски му даде лично Зоран Заев, па секој негов потег единствено може да се поврзе со СДСМ, а не со ВМРО-ДПМНЕ.
-Точно е дека на состанокот со премиерот Заев ги изложив своите планови во врска со изградба на мини хидроелектрана и паркови на енергија на ветер. Меѓутоа, соопштено ми беше дека сите концесии за овој вид дејност се по повластени тарифи, веќе доделени, упатувајќи ме кај генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски да проверам какви се плановите на Владата за идниот период, врзано за доделување нови концесии. Меѓутоа, ниту до денешен ден не добив информација која би укажала дека во иднина би можел да очекувам реализација на наведениот проект. Евидентно е дека Милевски не исполнил ниту една преземена обврска, како и дека не сум реализирал ниту еден деловен проект, така што огромните парични средства што ги вложив во недвижности останаа неактивни и заробени во Република Македонија, поради што не остварив никаква корист. Тоа се укажува дека квалификациите на одредени медиуми дека во овој случај се работи за мито се неточни и злонамерни и само и штетат на оваа држава, бидејќи ова е лоша порака на сите странски инвеститори кои сакаат да инвестираат во Република Македонија, стои во реакцијата на Давидовиќ.
Изминатиов период јавноста беше сведок дека кога некој сака да обелодени криминал на Заев, станува мета на закани. Се случило ли тоа и со Дака?
Ваквата негова реакција е направена како под притисок, како нешто да се обидува да сокрие и како од некој да се плаши.
Се остава отворен простор за сомнеж дека кланот кој сее закани низ Македонија прераснал во регионална мафија.