понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И ГТЦ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА

И ГТЦ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА

Според информациите до кој дојде КУРИР во овие моменти Градскиот трговски центар во Скопје од пред еден час остана без струја.

Дуќанџиите кои ги контактираше КУРИР се сомневаат дека властите на трговскиот центар не ги подмириле финансиските средства, иако тие уредно месечно си плаќале за струја.

Засега не е познато дали се работи за дефект или пак за исклучување од страна на ЕВН како што денеска истото беше направено со Јавното претпријатие Железници.

Инаку на „конец“ виси и исклучувањето на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, но премиерот Ковачевски уверува дека тоа нема да се случи.

Нови детали очекувајте наскоро…

Најнови вести