Институциите на македонскиот систем еродираат. И по огромната трагедија во која загинаа 45 македонски граѓани на автопат во Бугарија одговорност нема а институциите си ја префрлаат вината меѓусебно.
Непотизмот, клиентелизмот, некомпетентноста, непрпфесионализмот, избегнувањето или непостоењето на мерит систем во институциите и системот воопшто ја клекнаа државата на колена и го крахираа државниот апарат.
Наместо градење на институциите и јакнење на капацитетите изминатите четири години Македонските институции се наполнија со непрофесионални и некомпетентни кадри. Во изминатиот период имаше неколку огромни трагедии за кој никој не сноси одговорност.
Пред само три години се случи автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 14 луѓе за кои никој не сноси одговорност а случајот е најдолгиот за сообраќајна разрешница во македонските судови за кој сеуште нема епилог.
Во модуларната болница во Тетово изгореа 15 луѓе за кои и покрај огромните пропусти на институциите никој не сноси одговорност и немаше оставки а виновник беше продолжениот кабел во болницата.
И додека Македонија е во тридневна жалост за 45 загинати граѓани во автобуската несреќа на автопатот Струма во Бугарија наместо одговорност институциите си ја префрлаат вината меѓусебно.
Додека Македонија жали владата продолжува со поставувањето на непрофесионални и некомпетентни кадри на одговорни позиции. Наместо врвни професионалци од енергетиката, во најголемата енергетска криза владата дозволува поранешен хармоникаш на Три Бенд да стане директор на РЕК Битола.
На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј. Разрешен е директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, човек кој што е поставен како вработен во РЕК Битола пред 2-3 год.
Пред неколку месеци Матевски е поставен за директор на Термоелектраната во кој период се случија и најголемите хаварии и дебакли. Претходно истиот Матевски работел како продавач на мастики Airwaves по продавниците низ Битола.
Поради непотизмот, клиентелизмот и неодговорноста на власта страдаат институциите на системот а штетата ќе ја сносат граѓаните на Македонија.