недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И матичните лекари од Куманово се приклучија на еднодневниот протест

И матичните лекари од Куманово се приклучија на еднодневниот протест

Речиси сите матични лекари од Куманово, се приклучија на предупредувачкиот штрајк, кој го организираат на ниво на државата, соопшти денеска, координаторот на Здружението на матични лекари од Куманово, д-р Фатмир Асани.

Тие бараат зголемување на капитацијата, бидејќи, велат неиздржливо е да се работи во услови на криза и зголемени цени. Дел од лекарите, особено со помал број пациенти, се на работ на затворање на ординациите.

Денеска матичните лекари не го користеа „Мој термин“, а прегледуваа само итни пациенти.

– Во Куманово има околу 20-тина ординации кои не можат да го платат зголемувањето на минималната плата за медицинските сестри, сè е покачено, електрична енергија, горива, материјал за работа, храна. Ние
стоиме во место. Има ординации во помали градови кои се пред затворање, изјави д-р Асани.

Во Куманово има околу 100 ординации. Лекарите им се извинија на пациентите, укажувајќи дека ова е предупредувачки протест преку кој бараат зголемување на бодот кој што моментно изнесува 63 денари и е од
2018 година. Лекарите бараат и промена на, како што велат, застарени правилници, намалувања на казни од Фондот.

Матичните лекари од Куманово велат дека биле во првите редови во борба против коронавирусот и дека е важно да им се излезе во пресрет во однос на сегашните барања.

Најнови вести