Граѓаните и денес излегоа на протест пред македонската Влада. Големото невреме кое го зафати Скопје, не ги поколеба од улица да го кажат своето НЕ за францускиот предлог.
Пред Владата се појавија демонстранти за да го искажат својот револт.
Тие порачаа „Никогаш Северна, само Македонија“, а кон високите функционери во Владата порачаа „Предавници“!
Иако денес во значително помал број, македонските граѓани покажаа дека нема да се откажат од својата цел.
Граѓанин кој протестира против францускиот предлог, пред камерата на 4news.mk во живо побара оставка од премиерот Димитар Ковачевски.
„Еве ги граѓаните се собрани тука за да му кажат стоп на Ковачевски. Сакаме да му порачаме на Ковачевски да си даде дефинитивна оставка и да има дефинитивни избори“, порача тој.